Top Sport

Меси до 2025 година ќе добива плата од Барселона

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта во опширно интервју се осврна на голем број интересни теми. Една од темите беше и Лионел Меси. Аргентинецот долго време се поврзуваше со својот поранашен клуб, на крајот реши да ја продолжи кариерата во Интер Мајами.

Првиот човек на Барселона, откри дека Меси ќе биде на платниот список на Барселона уште речиси две години.

„Му посакувам се најдобро на Меси. Подготвуваме огромно збогување со него и проштален натпревар каков што заслужува, а кој не го доби на Камп Ноу. Би било совршено тоа да се случи на реновираниот стадион, кога ќе завршат работите. Исто така, му должиме на Меси и плаќаме пари до 2025 година, што се заостанати плати што ги договори со претходната администрација за време на пандемијата“, рече Лапорта.

Scroll to Top