Бразилската фудбалерка, Марта Виеира да Силва потврди дека Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд ќе биде нејзин последен Мундијал, ставајќи точка на една блескава кариера.
37-годишната Марта дебитираше за Бразил на СП во 2003 година и е најдобар стрелец во репрезентацијата со 117 гола, овојувајќи три титули од Копа Америка, но ниту една на Мундијалите, каде што Бразил најдалеку стигна во 2007, кога загубија од Германија во финалето.
„Да, ова ќе биде моето последно првенство. Секој мора да се соочи со ситуација кога треба да се приоритет други работи. Имам само благодарност за сите години со репрезентацијата. Да се има шанса да се оди по шести пат на Мундијал е нешто што никогаш не го очекував“, влеи Марта, која шест пати ја освојуваше наградата на ФИФА за најдобра фудбалерка.
Бразил се во група со Панама, Франција и Јамајка на шампионатот.