Top Sport

(Видео) Федерер пречекан како легенда, Рибакина се врати за победа над Роџерс

Осумкратниот шампион Роџер Федерер доби овации на „Централниот терен“ на Вимблдон, пред актуелната шампионка Елена Рибакина да ја надмине тремата и да стигне до 4:6/6:1/6:2 победа над Американката Шелби Роџерс.

Швајцарецот и неговата сопруга Мирка беа посебни гости во ВИП-ложата на покровителот на турнирот, принцезата од Велс, Кетрин, добивајќи аплауз од публиката на теренот каде што имаше толку славни победи во својата блескава кариера.

Кога започна мечот, Роџерс ги изненади сите, кога со еден брејк дојде до првиот сет, но потоа Казахстанката, која лани доминантно стигна до титулата, се врати и стигна до победа.

Scroll to Top