Top Sport

(Видео) Од Ливерпул до Арабија – Стиви Џи проговори арапски

Стивен Џерард се обиде да зборува арапски на неговата презентација како нов тренер на саудискиот Ал-Етифак, споделувајќи порака преку социјалните мрежи.

„Здраво, јас сум Стивен Џерард. Сега сум со Ал-Етифак. Се гледаме наскоро!“, вели легендата на Ливерпул, кој потоа се шегуваше дека зборува арапски со ливерпулски акцент.

Џерард го преземе Ал-Етифак, тимот кој не е во државна сопственост, и кој беше само седми во лигата минатата сезона. Најпознат фудбалер во тимот е шведскиот репрезентативец, Робин Кваисон.

Scroll to Top