Поранешната УФЦ ѕвеза и шампион во тешка категорија во Страјкфорс, Алистер Оверим потврди дека веќе ставил крај на кариерата откако дел од фановите беа зачудени од неговиот изглед во 2023 година.
Оверим последен пат беше во кафезот во октомври, кога го победи својот стар ривал Бадр Хари на „Глори колижн 4“, но победата му беше одземена откако беше позитивен на стероиди. Оттогаш 43-годишниот ветеран го „снема“ од сцената, пред минатиот месец да се појави во друштво со шефот на Ризин, Нобујуки Сакикабара без неговите огромни мускули, предизвикувајќи загриженост кај дел од фановите.
Но, тој сега открива дека става крај на кариерата по 25 години и 67 борби во ММА и кик-бокс, а драстичното губење на килограмите го објаснува со избегнувањето на месото и вегетеријанската исхрана под влијание на нутриционистот Џулијан Ванховен.
„Всушност, едноставно решив да престанам со борбите. Тоа веќе не е моја работа, поминаа 25 години, нели? Сега ќе размислувам за други кул работи“, вели Холанѓанецот.