Играчот од средниот ред на Коринтијанс, Луан (30) бил претепан од навивачите на својот клуб. Ултрасите на Коринтијанс го претепале во вторникот откако упаднале во мотел во Сао Паоло и го нашле таму среде оргија.
Како што пренесуваат бразилските медиуми, навивачите биле незадоволни од неговото однесување бидејќи тој не игра за Коринтијанс од февруари минатата година, а зема редовна плата.
Имено, Луан е во клубот од 2020 година, но нема играно речиси година и пол бидејќи „со своето однесување на теренот и надвор од него им се замерил на најжестоките навивачи на бразилскиот клуб“, пишуваат локалните медиуми. За да не им се замерат на навивачите тренерите избегнуваа да го стават во игра. Севкупно, Луан има одиграно 80 натпревари за повеќе од три години.
Ултрасите веќе некое време бараа Луан д биде избркан од клубот, но тој сакал да ја одработи оваа сезона, а потоа да си замине на крајот на договорот.
Меѓутоа, тоа сега се смени со примена на сила. Кога го фатиле на сред оргија со уште четворица другари и пет пријателки, според бразилските медиуми, го претепале и го принудиле да се откаже од договорот.
Полицијата го истражува случајот.