Top Sport

Третото засилување на ПСЖ по доаѓањето на Луис Енрике

Уругваецот Мануел Угарте, кој пристигна од лисабонски Спортинг пристигна во ПСЖ. Пред Угарте договори со „светците“ потпишаа Марко Асенсио и Милан Шкриниар.

Угарте има 22 години, игра на позицијата заден играч за врска, а во Спортинг пристигна пред две години од Фамаликао за 12,5 милиони евра.

Во текот на претходните две сезони тој беше еден од најдобрите играчи во Примеира лигата и го привлече вниманието на европските гиганти.

ПСЖ беше најупорен во трката за неговиот потпис, ја плати клаузула од 60 милиони евра и ги победи сите во трката за неговиот трансфер.

Scroll to Top