Навивачите на Челси добија уште една причина да го мразат својот поранешен играч Мејсон Маунт по видеото кое беше објавено од страна на Манчестер јунајтед и неговиот разговор со својот татко, Тони.
24-годишниот Маунт помина дури 18 години во Челси, поминувајќи низ академијата на клубот, но сега е играч на „ѓаволите“ кои му дадоа петгодишен договор со плата од 250.000 фунти неделно. „Ѓаволите“ објавија видео со првите впечатоци од соблекувалната на клубот и средбата со Лисандро Мартинез, но најмногу внимание предизвика разговорот на таткото со синот.
„Мејсон, оваа соблекувална, човеку… Дома, другар, дома. Кој ќе помислеше на ова кога те донесов тука како момче“, вели Том Маунт, кој ги вршеше преговорит за неговиот трансфер.
„Знам. Навистина специјално, нели?“, одговара Маунт.
Tony Mount, Mason’s father: “Mason…this dressing room man….home mate, HOME. Who would have thought aye, when I bought you up here as little boy…”
Mason: “I know, special init.”
Part of the United family 🥹❤️
— UtdDistrict (@UtdDistrict) July 7, 2023