Top Sport

Вембањама не се прослави во дебито за Сан Антонио

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама, кој беше прв пик на последниот драфт, го одигра првиот натпревар за новиот клуб Сан Антонио. Сите погледи беа вперени кон новата француска сензација, но љубителите на кошарката ќе мора да бидат трпеливи додека Вембањама не почне да игра сензационално.

Во првиот натпревар за Сан Антонио Спарс, најблаго кажано, тој не се прослави.

Вембањама за 27 минути игра погоди само два шута од 16 обиди и постигна девет поени, од кои четири од линијата за слободни фрлања.

Настапот го дополни со осум скока, пет блокади и три асистенции.

Сан Антонио го победи Шарлот со 76:68 во Летната лига, пред 17.500 гледачи во Лас Вегас.

 

Scroll to Top