Top Sport

Челси отвори преговори за напаѓач на Арсенал

Премиерлигашот Челси отвори првични преговори за напаѓачот на Арсенал, Фоларин Балогун. 22-годишниот напаѓач имаше импресивна сезона во Ремс, каде беше испратен на позајмица, постигнувајќи 21 гол во Лига 1 и завршувајќи на петтото место меѓу најдобрите стрелци во францускиот шампионат.

Челси сѐ уште е во потрага по напаѓач и ги истражува опциите на пазарот. Тие го доведоа Кристофер Нкунку од Лајпциг, но бараат уште еден нов играч за офанзивната линија.

Новиот менаџер на тимот, Маурусио Покетино, неодамна изјави дека ќе има личен разговор и со Ромелу Лукаку пред да биде донесена одлука за неговата иднина.

Арсенал постави цена за Балогун од 50 милиони фунти.

 

Scroll to Top