Top Sport

Младите Англичани се европски прваци

Младата фудбалска репрезентација на Англија го освои трофејот на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Англичаните во финалето во Батуми ја совладаа Шпанија со 1:0. Стрелец на голот беше Џонс во 45.минута, но всушност него топката го погоди и отседна во противничката мрежа откако Палмер изведе слободен удар.

Англија беше доминантна во текот на целиот турнир и посебно импресионираше со играта во одбрана, со оглед дека не прими ниту еден гол.

Шпанија преку Руиз во 51.минута постигна гол, но по прегледување на ВАР снимката не признат поради офсајд позиција.

Во 99.минута, Абел Руиз не реализираше и пенал за израмнување.

Scroll to Top