Според базата на ESPN, американскиот портал GiveMeSport го состави најдобриот тим на светот. За тренер е избран Пеп Гвардиола, а целиот тим според Трансфермаркт вреди 1,1 милијарда евра.
На голот е голманот на Реал, Тибо Куртоа (45 милиони евра), без сомнение најдобриот голман во светот во последните две години.
Во задната линија, во формацијата 4-3-3 бекови се Ахраф Хакими од ПСЖ (65 мил. евра) и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен (70 мил. евра). Двајцата играа на Светското првенство за своите репрезентации, а Хакими стигна до полуфиналето со Мароко.
Прв избор за стопер е Португлецот Рубен Диаш (80 мил. евра), а до него е Јошко Гвардиол (75 мил. евра). Овие двајца наскоро можат да станат соиграчи во Манчестер сити.
Во редот за врска се Џуд Белингем (120 мил. евра), кој летово од Дортмунд се пресели во Реал Мадрид за 103 милиони евра. Покрај Англичанецот во средниот ред се двајца играчи на Манчестер сити, Родри (90 мил. евра) и Кевин Де Брујне (70 мил. евра)
Порталот состави напаѓачка тројка која вреди речиси 500 милиони евра.
На крилните позиции се Букајо Сака од Арсенал (120 мил. евра) и Килијан Мбапе од ПСЖ (180 мил. евра), а шпиц е Ерилинг Халанд (180 мил. евра).