Кошаркарскиот клуб Партизан ја заврши најголемата зделка ова лето потпишувајќи нов договор со Кевин Пантер. Шпанските медиуми открија како и зошто Пантер остана во Партизан и покрај тоа што беше пред траснфер во Барселона.
„Марка“ пишува дека „најзаслужен“ за останувањето на Пантер во Белград е Никола Миротиќ.
Имено, кога дојде до несогласување за продолжување на соработката помеѓу Барселона и Миротиќ, се имаше домино ефект.
Барселона сака да се ослободи од неговиот огромен договор, според кој во следните две години би заработил 22 милиони евра бруто.
Миротиќ ќе ја напушти Барселона, но само доколку си ја добие платата за последните две години.
Пантер немаше намера да ја чека разврската од овој случај и потпиша нов двегодишен договор со Партизан.