Top Sport

УЕФА му ја исполни желбата на Јувентус, го исфрли од Конференциската лига

Минатата сезона Јувентус, поради казната за финансиска измама, ја заврши само на седмото место во Серија А и се избори за место во Конференциската лига.

Во последните недели УЕФА размислуваше да го казни Јувентус поради претходно прекршување на финансискиот фер-плеј, а самиот клуб од Торино предложи казната да биде исфрлање од Конференциската лига, натпреварување кое италијанскиот гигант не сака да го игра оваа сезона.

Кориере дело Спорт, објави дека во Куќата на фудбалот во Нион го прифатиле предлогот на „старата дама“.

Челниците на Јувентус успеаја да избегнат понатамошни и построги казни. Медиумите претходно шпекулираа дека Јувентус може да добие забрана за настап во европските купови во наредните две сезони.

На местото на Јувентс во Конференциската лига ќе игра Фиорентина.

Клубот од Фиренца беше поразен од Вест Хем во финалето на последното издание на Конференциската лига.

Scroll to Top