Првата понуда на Баерн за Хари Кејн не ги задоволи челниците на Тотенхем, а тешко дека и втората понуда ќе ги задоволи апетитите во северен Лондодн.
Првата понуда на Баерн од 70 милиони евра беше далеку од она што Леви го бара за разделба со еден од најдобрите светски напаѓачи.
Сепак, островските медиуми пренесуваат дека Баварците сега се вратиле со нова понуда, која изнесува 82 милиони евра.
Се верува дека тоа е максимумот што Баерн може да го понуди за Кејн.
Баерн не е подготвен да чека уште една година бидејќи тогаш ќе има многу поголема конкуренција.