Top Sport

Ѓоковиќ загуби сет, но го доби дуелот со Хуркач

Новак Ѓоковиќ се пласира во четврт-финалето на Вимблдон, откако со 3:1 во сетови го совлада Хуберт Хуркач. Тоа е 14. пласман меѓу осумте најдобри за Ѓоковиќ на гренслем турнирот во Лондон, а во следната рунда ќе игра против Андреј Рубљов.

Ѓоковиќ синоќа обезбеди водство од 2:0 во сетови, откако и двата ги доби во тај-брејк, а денеска Хуркач подобро го отвори третиот сет и го доби со 7:5 во гемови.

Сепак, српскиот тенисер одговори брзо, успеа да направи брејк во четвртиот сет, го освои со 6:4 во гемови и го комплетираше мечот.

 

Scroll to Top