Top Sport

Шкендија потврди дека Зија Мерџани ги скинал лигаментите на коленото

Македонскиот прволигаш Шкендија потврди дека фудбалерот Зија Мерџани заработил кинење на предните вкрстени лигаменти на левото колено на пријателскиот натпревар против Сараево во Словенија.

„Зија Мерџани беше нужно заменет на контролната средба со Сараево во подготвителната фаза во Словенија. Првите прегледи дадоа индиции за сериозна повреда, но откако играчот беше подложен на дополнителни и детални тестови за да се утврди степенот на повредата, за жал резултатите го потврдија најлошото.

Дефанзивецот доживеа кинење на вкрстените лигаменти (АКЛ) на левото колено и на 24 јули ќе добие термин да оди на операција која ќе го оддалечи од терените подолг период“, соопштија од Шкендија.

Scroll to Top