Португалската ѕвезда на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс при враќањето на работа со клубот, беше пратен да тренира со фудбалерите од академијата по шпекулациите дека сака трансфер во Пари Сен-Жермен.
Феликс во јануари беше пратен на позајмица во Челси, но имаше 20 настапи и само 4 гола за „сините“, по што Челси решија да не ја искористат опцијата да го купат.
Во Атлетико, тој веќе го загуби својот дрес со број 7, а сега е очигледно дека тренерот Диего Симеоне, кој според шпанските медиуми е во конфликт со Феликс, не смета на него во новата сезона. Атлетико платија огромни 127 милиони евра на Бенфика во 2019 година за Португалецот, и друга опција освен продажба, е праќање на позајмица во португалскиот гигант.