Претседателот на италијанскиот шампион Наполи, Аурелио де Лаурентис постави фантастична цена од 200 милиони евра за својот нигериски напаѓач, Виктор Осимен, посочувајќи дека има само еден клуб на планетата, Пари Сен-Жермен, кој може да си го приушти овој трансфер.
Осимен по фантастичната сезона со Наполи беше поврзуван со повеќе клубови, како Манчестер јунајтед, Ливерпул и Баерн Минхен, но Де Лаурентис вели дека само францускиот шампион може да си го приушти ова лето.
„Единствениот клуб кој може да си го приушти Виктор Осимен е Пари Сен-Жермен. Ако Насер Ал-Хелаифи сака да даде 200 милиони евра, тогаш ќе видиме. Лично, мислам дека Виктор останува со нас“, вели Де Лаурентис.