Top Sport

Свитолина ја „урна“ Швјонтек за полуфинале на Вимблдон

Елина Свитолина го продолжи својот фантастичен камбек во светот на тенисот, победувајќи ја првата носителка Ига Швјонтек со 7:5/6:7(5)/6:2 за вторпат во својата кариера да влезе во полуфиналето на Вимблдон.

Украинката, која пред само шест месеци го доби своето прво дете во бракот со францускиот тенисер Гаел Монфис, се врати на тенисот пред три месеци, но покажа одлична игра на Вимблдон. Еден брејк беше доволен за да се одлучи првиот сет, но потоа во вториот Швјонтек успеа да се врати и да го добие во тај-брејк, за во одлучувачкиот сет едноставно да биде несопирлива, додека играта на Полјачката беше во надолна форма.

Во полуфиналето, Украинката ќе игра со Чехинката Маркета Вондроушова, која имаше одличен камбек за со 6:4/2:6/6:4 да ја совлада Американката Џесика Пегјула. Во меч со голем број на пресврти, во првиот сет имаше дури пет брејка на сервис, пред 24-годишната Вондроушова да направи клучен брејк на 4:4 за освојување на првиот сет.

Нестабилната игра продолжи и во вториот сет, но Американката играше поризично и стигна до 4:1 водство за да израмни на 1:1. 29-годишната Пегјула имаше фантастичен старт со брејк за 4:1 водство, но потоа откако мечот беше прекинат за да се постави подвижниот покрив, Чехинката успеа да се врати и стигна до импресивна победа.

Scroll to Top