Поранешниот легендарен голман на Ајакс, Манчестер јунајтед и Јувентус, Едвин ван дер Сар не е во животна опасност и е комуникативен, објави Ајакс во име на неговата сопруга Анемари откако минатата недела имаше мозочен удар додека беше на одмор во Хрватска.
„Едвин уште е во одделот за интензиван нега, но е стабилен. Не е во животна опасност. Кога го посетуваме, тој комуницира со нас и сега треба да бидеме трпеливи да видиме како ќе се развива ситуацијата“, се вели во објавата.
52-годишниот Ван дер Сар беше донесен со хеликоптер во болницата во Сплит во петокот.
Ван дер Сар до неодамна беше директор на Ајакс, клубот за кој имаше 312 настапи, за потоа да игра и за Јувентус и Манчестер јунајтед, каде што одигра 266 меча. Тој освои две титули од ЛШ (една со Ајакс, една со Јунајтед) и четири титули од Премиерлигата и четири титули од Ередивизие.
Update on behalf of Annemarie van der Sar in Croatia:
‘Edwin is still in the intensive care unit, but is stable. He is not in life-threatening danger. Every time we get to visit him, he’s communicative. We have to wait patiently to see how his situation will develop.’ pic.twitter.com/8avJQ5yZj3
— AFC Ajax (@AFCAjax) July 11, 2023