Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ја одбил понудата на неговиот поранешен соиграч, легенда на „црвенит“, Стивен Џерард да му се приклучи во Ал-Етифак, во обид да остане во игра за настап за англиската репрезентација на Европското првенство следната година.
Според „Си-би-ес“, 33-годишниот Хендерсон смета дека уште е важен играч во тимот на Јирген Клоп, што може да се покаже со 43-те настапи за Ливерпул минатата сзона. Тој има договор со Ливерпул до крајот на 2025 година.
Хендерсон и Џерард одиграа 142 меча заедно за Ливерпул и за Англија.