Лионел Меси, пред официјално да биде презентиран како фудбалер на Интер Мајами, веќе имаше промоција на својот нов чикенбургер на Флорида.
Како дел од партнерството со „Хард рок кафе“, кое трае од 2021 година, неколку часа по пристигнувањето на Флорида, Меси го презентираше „Messi Chicken Sandwich“.
„Остварување на уште еден сон! Пресреќен сум што ќе ве запознаам со новиот Меси сендвич со пилешко во соработка со ‘Хард рок кафе’ инспириран од мојот омилен оброк: ‘Миланезе’“, вели Меси во видеото.
Another dream of Messi’s comes true!
We’re thrilled to introduce to you the new Messi Chicken Sandwich that we’ve created with the World Champion, #LeoMessi, inspired by his favorite food: The Milanese!
Don't miss out! #MessiSandwich #MessiEffect #TasteGreatness pic.twitter.com/JLJDL1CPa7
— Hard Rock Cafe (@HardRock) July 12, 2023