Top Sport

Деле Али проговори за своето детство: Продавал дрога и бил сексуално злоставуван

Некогаш големиот талент и играч за кого во еден преоден рок Тотенхем одреди цена од 90 милиони евра, Деле Али, на 27.годишна возраст е блиску до одлуката да ја заврши кариерата.

Сениорската кариера, Деле Али ја започна во нисколигашот МК Донс, каде со добрите настапи го привлече вниманието и заработи трансфер во Тотенхем. Беше еден од клучните играчи во тимот предводен од маурисио Покетино, кој играше финале во Лигата на шампионите.

Неговата најдобра сезона беше 2016/17, кога постигна 18 гола во Премиер лигата. Сепак, неговата форма почна да осцилира, а колапс како фудбалер доживеа по Светското првенство во Русија.

Поради лошата форма, најпрвин во Тотенхем го загуби местото во првиот тим, а потоа замина во Евертон, каде што не с епрослави.

Минатата сезона беше позајмен во турски Бешикташ каде одигра 17 натпревари и постигна три гола. Неговиот договор со Евертон важи и оваа сезона, но клубот ќе се обиде да ја раскине соработката со Деле Али.

Деле Али, во интервју што му го даде на легендарниот Гери Невил, зборуваше за неговото тешко детство и психичките проблеми што му ги предизвикало.

Освен двете години што ги поминал со својот татко во Нигерија, раното детство го поминал во домот на неговата мајка алкохоличарка. На шест години бил сексуално нападнат од нејзина пријателка, а на седум почнал да пуши цигари. На осум години продавал дрога за локалните криминалци.

Му раскажал на Невил дека криминалците знаеле дека полицијата нема да запре дете на велосипед, па тој носел дрога во својата „качулка“ што им ја доставувал на клиентите.

На 11 години бил обесен од мост, а на 12 години бил посвоен од семејството на неговиот соиграч од младинскиот клуб МК Донс. Тоа семејство го чувствувал како свое. Во текот на кариерата на дресот го носеше своето име „Деле“, бидејќи не се чувствува поврзан со семејното презиме.

Scroll to Top