Поранешниот кошаркар на Црвена звезда Огњен Добриќ од денеска и официјално е нов играч на Виртус од Болоња.
Одличниот бек потпиша двегодишен договор, неофицијално вреден 1,6 милиони евра. Тој е четвртото засилување за Виртус од стартот на сезоната, претходно во Болоња пристигнаа Девонте Кеиок, Акиле Полонара и Бруно Масколо.
Српскиот репрезентативец беше еден од најважните играчи на црвено-белиот тим во последните години, а минатата сезона во Евролигата бележеше 7,6 поени, 1,9 скока и 0,9 асистенции. Во кариерата има одиграно 153 натпревари во најсилното клупско натпреварување во Европа.
28. годишникот беше член на Црвена Звезда од почетокот на професионалната кариера во 2013 година, но првите три сезони ги мина во тимот на ФМП Железник како позајмен играч.