Турскиот шампион Галатасарај потпиша договор со дефанзивецот на Лајпциг, Анxелињо. Шпанскиот дефанзивец ќе игра во Турција како позајмен играч.
„Добредојде Анхелињо! Ти посакуваме сѐ најдобро. Се надеваме дека ќе имаш незаборавни моменти со жолто-црвениот тим“, напишаа од Галатасарај.
Анхелињо минатата сезона беше позајмен во Хофенхајм. На 35 натпревари, постигна еден гол и забележа девет асистенции.
Следна трансферна цел на Галатасарај е играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес.
📽️ Angeliño’nun ilk antrenmanından görüntüler. 💪 pic.twitter.com/8HEDPqHI0h
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) July 13, 2023