Кристијано Роналдо го помина својот вечен ривал, Лионел Меси, и постави нов светски рекорд по годишна заработувачка на еден спортист, покажува најновата листа на најбогати спортисти на американскиот магазин „Форбс“.
Според нивните проценки, Роналдо е првпат на првото место по заработувачка од 2017 година, и постави „Гинисов рекорд“ со неговите 136 милиони евра заработени по трансферот во саудискиот Ал-Наср. Меси беше победник во 2022, кога заработи 130 милиони долари како играч на Пари Сен-Жермен.
Португалецот заработил 46 милиони долари директно од фудбалот и фантастични 90 милиони долари од реклами и спонзорства. Неговата плата која ја добиваше од Манчестер јунајтед беше удвоена во Ал-Наср, но најголемата заработувачка, сепак, доаѓа од неговиот спонзорски договор со „Најк“ и продажбата на опрема со логото „CR7“.
It's another record for Cristiano Ronaldo, as he becomes the world's highest paid athlete️⚽️https://t.co/vOZQDEB7MN
— Guinness World Records (@GWR) July 14, 2023