Чешката тенисерка Маркета Вондрушова ја освои титулата на најпрестижниот турнир во светото на тенисот, Вимблдон.
Вондрушова, за само 82 минути, ја победи со 2-0 во сетови, 6:4, 6:4 Онс Жабер и го освои големиот трофеј. Тенисерката од Чешка во финалето го комплетираше својот сенцаионален настап на Вимблдон оваа година.
На турнирот дојде како 42. тенисерката на АТП листата.
На патот до финалето и најголемиот успех во кариерата, Вондрушова ги елиминираше Стернс, Кудермецова, Векиќ, Бузукова, Пегула и Свитолина.