Англискиот премиерлигаш Њукасл понуди 95 милиони евра на Наполи за грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија. Менаџерот Еди Хау сака да доведе уште еден квалитетен играч во Њукасл пред настапот во Лигата на шампионите.
Ова лето англискиот клуб веќе склучи договор со Милан вреден 80 милиони евра за ангажман на Сандро Тонали.
Од друга страна, претедателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, се обидува да го убеди Кварацкелија да потпише нов договор со италијанскиот шампион.