Англискиот премиерлигаш Вест Хем е подготвен да испрати официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Хари Мегваер, тврдат медиумите на Островот. Сигурно дека евентуален ваков трансфер ќе биде големо олеснување за „црвените ѓаволи“, иако важна е и сумата, бидејќи тогаш клубот за него плати дури 80 милиони фунти.
Лондончани сега можат да трошат полесно откако вчера беше комплетиран трансферот на Деклан Рајс во Арсенал од 105 милиони фунти.
Вест Хем минатата сезона беше блиску до испаѓање, поради што сега се очекува менаџерот Дејвид Мојс да се обиде да ја засили својата одбрана.