Top Sport

Има заработено милиони евра, а живее со родителите, над ќебапчилница!?

Светскиот рекет број 1 и актуелен победник на Вимблдон, Карлос Алкараз, ќе се врати во станот на своите родители во јужна Шпанија, откако ќе освои титулата во Лондон.

Иако 20. годишниот тенисер во кариерата заработил 16,6 милиони евра, а освен тоа има спонзорски договори со компании како Најк, БМВ, Луј Витон и Келвин Клајн, кога не е на турнири живее со семејството во стан вреден околу 200.000 евра.

Се наоѓа во Ел Палмар во близина на Мурсија, над ресторанот „Turquesa Kebab & Pizza takeaway“, каде што можете да јадете донер ќебап за четири и пол евра.

„До неодамна не се сметав за славна личност и можам да кажам дека станувам нервозен практично пред секоја славна личност што ќе ја сретнам“, вели Алкараз.

Таткото на Карлос планира да изгради две големи вили. Една за родителите, додека би била наменета за младиот ас во моменти кога нема да има обврски на турнирите.

Scroll to Top