Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ќе даде дозвола за барем два нови тима од 2025 година, со што ќе влезе во конфликт со носителите на комерцијалните права на Ф1, „Либерти медија“, како и со постоечките тимови, тврди угледниот германски магазин „Ауто мотор унд спорт“.
Според нивните информции, Андрети и Хајтек ќе добијат одобрување од ФИА, бидејќи ги исполнуваат финансиските и техничките побарувања на ФИА. Андрети ја имаат поддршката од Кадилак, додека Формула 2 тимот, Хајтек веќе обезбеди финансиска поддршка од казахстанскиот милијардер Владимир Ким.
Проблем секако е противењето на повеќе Ф1 тимови, вклучувајќи ги Ферари, кои имаат право на вето, како и претседателот на Ф1, Стефано Доменикали, кој смета дека Ф1 мора сама да одлучува за тоа кои тимови ќе влезат, а не ФИА и нивниот претседател Мохамед Бен Сулајем.