Лионел Меси во петок ќе дебитира за Интер Мајами во Лига купот, натпреварување во кое играат клубови од САД и Мексико. Неверојатна фудбалска еуфорија ја зафати Флорида по доаѓањето на најдобриот светски фудбалер.
Билетите пламнаа за миг, а сега се продаваат и по неверојатни 100.000 долари.
Просечната цена на влезниците достигна сума од 450 долари и тоа е десетпати повеќе од периодот пред Лео Меси да потпише за Интер Мајами.
Целата оваа еуфорија околу доаѓањето на Меси во Интер Мајами се споредува со периодот кога легендарниот Пеле потпиша за Космос.