Најдобрите македонски одбојкари вчера во Скопје ги започнаа подготовките за Европското првенство. Капитенот Никола Ѓорѓиев вели дека предизвикот е голем. Селекцијата ќе игра големо натпреварување на домашен терен.
„Со нетрпение очекуваме да почнеме со новата програма, пред нас сега е тешка и напорна работа. Познавајќи го методот на селекторот Јошко Миленкоски ќе бидат многу напорни овие подготовки. Но, се надевам дека ќе го издржиме овој период, па подоцна од 4 август кога ќе почнат пријателските средби да ја креваме формата во одбојкарска смисла“, изјави Никола Ѓорѓиев.
Македонија има свои очекувања од настапот на Европското првенство.
„Влезот во втората фаза е она за што работиме. Тоа би било круната на оваа генерација. Средбите од Златната лига најавија дека сме на вистински пат и дека ќе ги поправиме оние малку работи кои недостасуваа за да бидеме во посакувана форма на самото првенство“, дополни капитенот на националниот тим.