Top Sport

Грчко дерби на стартот на новата сезона во Евролигата

Евролигата го објави распоредот за сезоната 2023/24. И следната сезона ќе играат истите 18 екипи како и претходната сезона.

Сигурно најинтересниот дуел ќе биде грчкото дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос на 6 октомври, а сите погледи ќе бидат вперени во еден човек, Костас Слукас. Тој од Олимпијакос направи трансфер во Панатинаикос.
Во првото коло Црвена Звезда го пречекува Асвел, додека Партизан е му гостува на Макаби во Тел Авив. Двата дуели се закажани за 5 октомври.

Српското дерби е закажано за петтото коло во Евролигата, кое е на 26 октомври, а домаќин е Партизан.

Шампионот на Европа, Реал Мадрид, ќе ја започне одбраната на титулата со гостувањето кај Басконија, а во првото коло ќе видиме интересни дуели меѓу Барселона и Ефес, како и Фенербахче против Олимпија Милано.

Евролигата започнува на 5 и 6 октомври. Лигашкиот дел ќе заврши на 11 и 12 април. Новововедениот плеј-ин за клубовите пласирани од седмото до десеттото место ќе се игра на 16 и 19 април. Ќе се одиграат 34 кола.

Четвртфиналната серија ќе започне на 23 и 24 април, ќе заврши на 30 или 1 мај, а најдоцна на 8 мај.

Фајналфорот е закажан за периодот од 24 до 26 мај во Берлин.

Scroll to Top