Македонските претставници во Европскиот куп во женска конкуренција денеска ги добија противниците во второто коло од квалификациите.
Шампионот Ѓорче Петров ќе се сретне против црногорскиот тим Тиват и ќе гостува во првиот дуел.
Вицепрвакот Куманово за ривал го доби Херцогенбухсе од Швајцарија, а првиот натпревар ќе го игра на домашен терен.
Тимот на Чаир за противник го доби холандскиот Венло.
Првите натпревари од второто коло ќе бидат одиграни на 23/24 септември, додека реваншите се седума дена подоцна.