Овој месец, ФИА треба да ги објави резултатите од усогласеноста на тимските буџети за сезоната 2022 во Формула 1. Според „motorsport.com“, три од десетте тимови во светскиот шампионат ги прекршиле финансиските ограничувања за минатата сезона и ќе се разминат со зелениот сертификат на ФИА.
Најсериозното прекршување во историјата на буџетската граница досега им припаѓа на светските шампиони Ред Бул за сезоната 2021 година, поради која беа казнети со 7 милиони долари и намалување на времето на воздушниот тунел за 10% во период од 12 месеци. За 2021 година, Астон Мартин и Вилијамс исто така направија прекршоци, но нивните беа многу помали и се покажаа како процедурални грешки.
Информациите за прекршување на буџетскиот плафон за сезоната 2022 во Формула 1 сѐ уште не се потврдени, а тоа најверојатно нема да се случи до официјалното објавување на резултатите од страна на ФИА. Бидејќи беше забрзана обработката на минатогодишните податоци, рокот за доставување на резултатите беше одложен до крајот на јули за да има некаква логична поврзаност со изминатата сезона.
Reports say 3 teams have breached the cost cap for the 2022 F1 season. If this turns out to be true, should the penalty be harsher than the one dished out to Red Bull?
This would deter teams further from breaching the cap, but could be seen as an unfair advantage to RB. #F1 pic.twitter.com/IcVxcNXFtZ
— The Soft Compound 🛞 (@thesoftcompound) July 18, 2023