Ракометниот првак Еурофарм Пелистер ги стартуваше подготовките за новата сезона во која ќе игра во Лигата на шампионите, а тимот од денеска се сели во Маврово.
Новиот спортски директор Бранислав Ангеловски се осврна на стратегијата на клубот и очекувањата од новата сезона.
„Чест, задоволство и огромна одговорност е да се биде дел од овој наш познат македонски бренд. Се соочуваме со историски момент за нашиот клуб. За првпат играме во овој формат во Лигата на шампионите, кој е квалитетен како никогаш досега. Сигурно дека во тимот ќе дојдат уште неколку засилувања. Не сакаме да брзаме, бидејќи приоритет ни е квалитетот, а не бројноста. Не сакаме да дојдеме во ситуација во која ќе имаме повеќе бројност отколку квалитет, затоа што во овој тим има вистински шампиони, кои веќе го покажаа тоа неколку пати, и никако не сакаме да го успориме нивниот развој“, изјави Бранислав Ангеловски.