Top Sport

Квадрадо: Го одбрав Интер, зошто е еден од најголемите европски клубови

Италијанскиот калчолигаш Интер потпиша едногодишен договор со Хуан Квадрадо, кој доаѓа од редовите на големиот ривал Јувентус. Колумбиецот изјави дека му е чест што ќе игра за еден од најголемите клубови во Европа, а тоа дополнително ги разбесни фановите на Јувентус кои веднаш го прогласија за „предавник“.

„Имав многу понуди, но моето семејство е приврзано за оваа земја и ми се укажа шанса да останам тука и да играм за голем клуб со богата историја. Го одбрав Интер бидејќи сите знаеме што значи овој клуб во Италија и во цела Европа“, изјави Квадрадо.

Со доаѓањето на Хуан Квадрадо не се согласуваат и најжестоките навивачи на Интер. Тој пред неколку месеци имаше жесток дуел со Самир Хандановиќ, кога го удри со тупаница голманот на „нероаѕурите“.

Квадрадо доби едногодишен договор и плата од 2,5 милиони евра.

 

Scroll to Top