Машката сениорска репрезентација на Македонија на 24 јули ги започнува подготовките за настапот на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска).
Селекторот Александар Јончевски го одреди поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за наредните репрезентативни активности.
Првиот тренинг е закажан за 24 јули (понеделник) од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Војдан Стојановски
Ненад Димитријевиќ
Ти-Џеј Шортс
Андреј Јакимовски
Андреј Магдевски
Адем Мекиќ
Андреј Маслинко
Стојан Ѓуроски
Дамјан Робев
Виктор Ефремоски
Љубомир Младеновски
Андреј Андоноски
Теодор Симиќ
Андреј Шошкиќ
Резарт Мемед
Марин Петков
Андреј Митревски
Амар Хот
Селектор: Александар Јончевски