Top Sport

Работнички се засили со Кристоџеј Дејли од Јамајка

Работнички доведе уште едно засилување во пресрет на новата сезона. Тригодишен договор со „романтичарите“ потпиша фудбалерот од Јамајка, Кристоџеј Дејли.

„Дејли има 20 години и доаѓа од Харбор вју, еден од најдобрите клубови во Јамајка. Тој дел од минатата сезона мина и во словенечкиот прволигаш Копер. Кристоџеј Дејли е офанзивен играч за врска кој може да одговори и на потребите на левата крилна позиција.

Работнички ги продолжува подготовките во Словенија и сабота ќе одигра пријателски натпревар со словенечкиот нисколигаш Бриње“, велат од македонскиот прволигаш.

Scroll to Top