Хери Кејн нема намера да го потпише мега-договорот кој му го нудат Тотенхем и чека на нова трета понуда од Баерн Минхен за да го оствари трансферот, тврди британскиот „Тајмс“.
Англискиот капитен влегува во последната сезона од својот договор со Тотенхем, кои ризикуваат тој да замине како слободен играч следното лето. Англискиот клуб му нуди договор кој далеку ја надминува неговата сегашна плата од 300.000 фунти неделно и скапи бонуси.
29-годишниот Кејн беше поврзувана со трансфер во Манчестер сити минатото лето, но Тотенхем ја одби понудата од „граѓаните“, кои го купија Ерлинг Халанд. Потоа се веруваше дека Манчестер јунајтед ќе бидат првите кандидати ова лето, но „ѓаволите“ немаат доволно средства за трансфери над 100 милиони фунти. По ова, Баерн беа најсериозни во обидот да го добијат Кејн, со две понуди, од кои втората е 68.5 милиони фунти. Пари Сен-Жермен исто така се во игра, но се верува дека Кејн не сака да игра во Франција.