Top Sport

Навивачите на Атлетико се свртеа против Феликс по неговата желба да игра за Барса

Навивачите на Атлетико Мадрид својот бес го искалија на плочката со името на Жоао Феликс пред стадионот „Метрополитано“, откако тој призна дека „сонува“ да игра за Барселона.

„Би сакал да играм за Барса, тие секогаш беа мојот прв избор. Од моето детство сонував за таков трансфер“, изјави Феликс, што предизвика бес кај навивачите на „рохибланкос“, кои ја пречкртаа неговата плочка пред стадионот и му напишаа „курва“ и „стаорец“.

Според традицијата на Атлетико, секој играч кој ќе има повеќе од 100 настапи за аклубот, добива плочка на стадионот. Феликс не е првиот кој имал ваков третман – истото се случи со Антоан Гризман кога тој замина за Барса во 2019, а плочката на Тибо Куртоа беше целосно искршена кога тој изјави дека Реал Мадрид се поголемиот клуб.

Останува да се види дали 23-годишниот Португалец ќе остане во Атлетико – трансфер во Барселона е тежок за изведување поради финансиските проблеми на каталонскиот клуб, како и цената која ја бара Атлетико.

Scroll to Top