ВБА, ИБФ и ВБО шампионот во тешка категорија, Олександер Усик потпиша едногодишен професионален договор со фудбалскиот клуб од Украинската премиерлига, ФК Полисија.
Усик минатата година одигра еден пријателски меч за клубот, кој тогаш беше во украинската втора лига, за сега да потпише професионален договор и да го добие дресот со бројот 17.
Усик нема да има време многу да мисли на фудбалот, бидејќи веќе следниот месец ги брани своите титули против британскиот предизвикувач Даниел Дубоа на 26 август во Полска.
World Heavyweight Champion Oleksandr Usyk made his football debut in a friendly today for Ukrainian second division team FC Polissya 🇺🇦🥊 pic.twitter.com/hBWI1p0wwj
— Birdiefootball (@birdiefootball) February 4, 2022