Top Sport

Интер Мајами го претстави Жорди Алба како ново засилување

Интер Мајами, тимот од МЛС лигата, официјално објави дека во клубот го доведе искусниот, 34-годишен шпански фудбалер Жорди Алба, кој потпиша договор до 2024 година, со можност за продолжување на уште една година.

Жорди Алба во Мајами дојде како слободен играч откако му истече договорот со Барселона за која настапуваше од 2012 до 2023 година, а претходно неколку сезони беше играч на Валенсија. Со Барселона освои дури 18 трофеи. Од нив, шест пати беше шампион во Ла Лига со каталонскиот клуб, а еден трофеј во Лигата на шампионите освои во 2015 година.

Жорди Алба на тој начин се обедини со Лионел Меси и Серхио Бускетс, со кои долго време играше во Барселона, а во овој преоден рок го засилија и клубот од Флорида.

Во дресот на шпанската репрезентација, Жорди Алба забележа 93 настапи, со девет погодоци.

Scroll to Top