Клубовите од Саудиска Арабија тргнаа во неверојатна офанзива и сакаат да купат сѐ што вреди во светскиот фудбал. Најновото име е Лаутаро Мартинез, кој треба да биде новиот капитен на Интер за следната сезона.
Неименуван клуб од Саудиска Арабија на Лаутаро Мартинез му нуди 240 милиони евра за четиригодишен договор. Тоа е 60 милиони евра по сезона или околу осумпати повеќе од тоа што го заработува во Интер.
Со оглед дека Аргентинецот има актуелен договор, се очекува Саудијците да понудат и отштета од околу 90 милиони евра за ѕвездата на Интер.