Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг уште еднаш ја покажа својата позната „безмилосност“ објаснувајќи зошто се решиле да не му го продолжат договорот на Давид де Хеа и го донеле Андре Онана за 47.2 милиони фунти од Интер. Грешките на Де Геа во последната сезона не успеаја да го убедат Тен Хаг да смета на шпанскиот голман на долгорочни патеки.
„За голман најважно е да не прима многу голови и да не прави грешки. Прво ти е потребна сигурна одбрана, тоа е јасно, но и способностите на голманот секогаш се најважни. Во модерниот фудбал потребно е тој да игра добро одзади, а тоа е квалитет кој Андре го им. Потребно е да се покриени сите позиции и секако дека сум задоволен од неговото пристигнување. Тој со неговото физичко присуство и со својот карактер ќе помогне тимот да биде успешен. Во Ајакс имаше добра соработка со Лисандро Мартинез и таа комуникација е важна. Голманот мора да работи со четирите фудблери пред него, но и со целиот тим, за што тие потребно да имаш голема способност“, вели Тен Хаг.