Серхио Перез се извини на својот тим по излетувањето во првата тренинг-сесија пред Унгарското ГП, по што ги пофали Ред бул за брзата работа и за поправките кои ги направија за тој да ја стартува втората сесија.
Во првите минути од тренингот, Перез излета на петтата кривина на Хунгароринг и неговиот РБ19 заврши во бариерите со големо оштетување на предниот дел.
„Тоа беше моја грешка, дефинитивно. Но, момците завршија одлична работа на болидот за да добиеме доста минути во втората сесија и да добиеме важни податоци“, вели Перез, кој е под притисок по слабите резултати во последните неколку трки.
Еден помлад навивач на мексиканскиот возач беше посебно вознемирен од неговото излетување, но подоцна, Перез и неговиот тим осигураа тој да добие посебна посета на боксот на Перез и подарок.
Sergio Perez and Red Bull Racing turn this young fan's tears into big smiles with a special paddock invitation 🥹💙 #HungarianGP #F1 @redbullracing @SChecoPerez pic.twitter.com/VCs3NYHNWD
— Formula 1 (@F1) July 21, 2023
Sergio Perez clips the grass and his FP1 ends in the barriers 💥#HungarianGP #F1 pic.twitter.com/2sWABZXYQl
— Formula 1 (@F1) July 21, 2023