Top Sport

Брера се засили со Бразилецот Лео Антонио

Македонскиот прволигаш Брера доведе уште едно засилување во пресрет на новата сезона. Тоа е Леонардо Антонио (26), Бразилец кој досега го носел дресот на украинскиот Лвов, а претходно играл и во Литванија.

Лео Антонио е дефанзивец, кој може успешно да одигра и на позицијата како последен играч за врска.

Брера Струмица одигра пријателски меч против Алтин Асир од Туркменистан и ремизираше без голови.

Scroll to Top