Top Sport

Хаос во Фулам, Силва има понуда од Ал-Ахли, Митровиќ уште одбива да игра

Менаџерот на Фулам, Марко Силва потврди дека добил понуда од саудискиот клуб Ал-Ахли, но одби да каже дали ќе ја прифати, додека во исто време неговиот прв напаѓач, Александар Митровиќ „турка“ клубот да го пушти во Саудиска Арабија.

46-годишниот Португалец има уште 12 месеци од својот договор со лондонскиот клуб и засега нема најави дека ќе го продолжи, а Ал-Ахли се подготвени да му платат 40 милиони фунти за две сезони.

„Не сакам да користам многу зборови, сакам делата сами да зборуваат. Делата со мојот тим и моите играчи. За шпекулациите, ова не е првпат да ги има. Имам официјални понуди, но и лани имав две-три такви. Нема да зборувам за тоа јавно. Нема да лажам, има понуда, клубот знае за неа“, вели Силва пред денешнит пријателски меч со Брентфорд во САД.

Од Фулам си замина седум фудбалери во летниот преоден рок, а не пристигна ниту едно засилување, а Митровиќ одбива да игра бидејќи сака да има трансфер во Саудиска Арабија, а Фулам бара 55 милиони евра.

„Ситуацијата со Митровиќ не е идеална, знаете дека нема да игра и не работи со своите соиграчи. Зборував со Митро, тој го знае моето мислење, но тука сум да ги заштитам моите играчи“, вели Силва.

Scroll to Top